Националисти и припадници на бугарската ВМРО се собраа пред Националната опера во Софија и со викање, довикување и разни навредувачки пароли ја пречекаа македонската претседателка и нејзината делегација, кои вечерва присуствуваа на настапот на македонската опера и балет со „Набуко“.
Тие носеа плакати со натписи како „Патот на РСМ кон Европа минува низ коридорот број 8“, „Не за јазикот на омразата“, „Дајте им права на Бугарите во Македонија“ и други.
Надвор ја пречека и бугарскиот премиер Најден Димитров на кого му изрази сочувство за несреќата во која загинаа двајца пилоти.
На новинарско прашање околу коридорот 8, Сиљановска Давкова одговори дека македонската Влада покажува разбирање за изградбата на овој проект.
„Сè што нè поврзува е добредојдено. Овој коридор не е само безбедносен, туку и можност за комуникација меѓу граѓаните од двете страни“, истакна таа
Извор: 4news.mk