Две млади скопјанки физички биле нападнати од неколку лица на 31. август пред полноќ, а случајот во полицијата го пријавиле десет дена подоцна.
– На 10.09.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, Т.М.(26) од Скопје пријавила дека на 31.08.2024 околу 23.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, таа и А.М.(24) од Скопје биле физички нападнати од неколку лица, стои во вчерашниот полициски билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.