Тургај Ризванче и Бекир Хоп се двете жртви во трагичната несреќа што се случи вечерва на автопатот Гостивар – Кичево, пред ресторанот Натира, објави порталот „Гостивар Сот“.
Возачот на возилото марка „БМВ“, Бекир Хоп (54) од Гостивар, починал на самото место на несреќата, додека неговиот сопатник Тургај Ризванче не ги преживеал повредите и починал во гостиварската болница. Жртвите биле пријатели.
Возачот на камионот, косовски државјанин со иницијали А.Т. (60), се здобил со телесни повреди.
Сообраќајната незгода, која била пријавена во 21:20 часот во СВР Тетово, се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Несреќата се случила помеѓу патничко возило „БМВ“ со регистарски ознаки на Демир Капија, управувано од Б.Х., и камион „Сканија“ со косовски регистарски ознаки, управуван од А.Т. од Косово.