Три одделни инциденти опфати МВР во дневниот билтен што се одвивале на територијата на Кратово, минатиот месец.
Според полциските информации, првиот случај се однесува на Д.Т.(35) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 7 август во семејниот дом со кратовско, пријавениот со нож упатил закани на неговиот 60-годишен татко.
Со кривична за загрозување на сигурноста се соочува и Г.Г.(49) од Кратово, кој следниот ден на 8 август, упатил закани на неговата сопруга.
ОВР Кратово поднесе кривична пријава и против А.С.(26) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 29 август кај Градскиот стадион во Кратово, пријавениот физички нападнал малолетник од Кратово.