“Во Југославија во војска одевме деца, се враќавме мажи” – Што мислат граѓаните за враќање на воениот рок во државава (ВИДЕО)

Почнувајќи од 1 јануари следната година, Хрватска повторно ќе го воведе задолжителниот воен рок кој ќе трае два месеци, а причина за тоа како што наведе министерот за одбрана Анушиќ, е руската агресија врз Украина и се потешката воено-политичка ситуација во светот, истата опција се разгледува и во Србија. Но, што е со Македонија?

Врховниот командант на вооружените сили на Македонија, претседателката Гордана Сиљановска Давкова неодамна предложи да се покрене дискусија за доброволно одење во војска, но ваквата опција во земјава веќе одамна постои.

Затоа 24Инфо повторно сакаше да го слушне мислењето на народот, па направивме анкета низ улиците во главниот град и ги прашавме граѓаните дали тие сметаат дека треба да се врати задолжителното служење на воениот рок во земјава, по примерот на Хрватска.

Мислењата се поделени, некои од граѓаните сметаат дека не треба да се врати воениот рок затоа што како земја членка на НАТО имаме професионална армија која одговара на потребите на земјава, па бидејќи сме мала земја имаме и мала армија. Друг дел од граѓаните пак сметаат дека во државава нема младина, па, поради тоа ќе нема кој да оди да го служи тој воен рок, затоа што како што велат, сите млади отидоа во странство да работат, а и оние кои останаа нема да имаат желба да одат.

Сепак повеќето кои се за враќање на воениот рок велат дека се ЗА, поради воведување на ред и дисциплина кај младите, вредности кои се моментално изгубени. Согласни се дека воениот рок не мора да биде од 15 месеци како што било во времето на Југославија, но добро би било да трае барем 3 до 6 месеци.

“Тоа е школо на животот, барем ние што сме од постарата генерација на Југославија, што сме биле во таа војска, отидовме деца, се вративме луѓе, мажи”, вели еден граѓанин, додавајќи дека децата денеска се катастрофа кога станува збор за ред и дисциплина.

Целата анкета погледнете ја во продолжение:

Н.Ј.

Треба да знаете
Последни објави