На 12.09.2024 во 21.55 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Т.(60) од Р. Косово, во врска со сообраќајната несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево на излез од Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и во текот на денешен ден по претходна брза постапка ќе биде изведен пред надлежен суд.