Не престануваат телефонските измами на кои најчесто жртви се повозрасни жители на кои им изнудуваат пари за навдни сообраќајни несреќи во кои учествувале нивни блиски членови на семејство.
Последниот во низата такви случаи е случајот со скопјанка која дала 10.000 евра „за да си ја спаси“ ќерка си.
Една скопјанка сподели свое искуство за овој проблем кој несомнено ги вознемирува луѓето.
– И лута сум и бесна сум! Се јавила измамничка некоја кај моите родители на фиксен телефон, кажала дека е ќерка им (имаат две ќерки) и дека направила сообраќајка. На телефонот кренал татко ми, (го најдоја човека) прва генерација полицајци, искуство во специјална полициска единица, пројдено две војни и работа во крим техника. Кога почнал унакрсно да прашува кој е таму, име и презиме, каде се наоѓаат и така фино си затвориле телефон. Моите родители имаат информации за вакви измамници и иако се вознемириле, ама не наседнале на приказната и не можеле да им изнудат пари. Споделете ја информацијата да не се најдат ваши драги луѓе во измамена ситуација. Моите веднаш го пријавија случајот во полиција и баш ме интересира каква завршница би имал овој случај, вели оваа скопјанка.