На 13.09.2024 година, околу 16:30 часот, на граничниот премин „Св. Наум“, полицијата го лиши од слобода М.С. (44) од Велес. При рутинска контрола, М.С. фрлил кутија од цигари, во која се пронајдена опаковка со бела грутчеста материја.
По комплетното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.