Пишува: Славчо Попоски
„Ла Ниња” веќе ја чувствуваме со зголемен интензитет, и истата ни го донесе раниот снег на планинските места во регионот, а во следниот период можно е снегот да се појави и на високите Македонски планини. Невообичаено ладното време за овој период од годината ќе се задржи и во текот на следната седмица, проследено со чести врнежи со променлив интензитет.
На табелата можеме да забележиме дека многу добро навлеговме во “Ла Ниња” и таа својот максимум ќе го достигне на самиот крај од оваа година. Токму ова очекуваме да донесе повеќе врнежи претстојната есен и зима, како и чести продори на ладен воздух од Арктикот, кои секако треба да донесат снежна зима на Балканот, па и во Македонија.