Ноќта помеѓу петок (13.09,2024) и сабота (14.09.2024) во скопската населба Ѓорче Петров запалено е возило марка Голф.
Како што дознава 24инфо.мк возилото е во сопственост на инспектор во единицата за недозволена трговија, при Министерството за внатрешни работи.
Првично, не се познати причините за настанување на пожарот.