ПМФЛ: Шкендија и Шкупи ги поделија бодовите, Вардар ремизираше со Гостивар

На првиот меч под водство на Срѓан Захариевски, фудбалскиот клуб Вардар дојде до бод на Гостивар.

Гостивар поведе во 27. минута со гол на Алдаир, ремито го донесе Босанчиќ со гол од слободен удар во 85. минута.

На дербито во Чаир, Шкупи имаше водство со гол на Канда во самиот финиш од првото полувреме, Шкендија изедначи со погодок на Цаке по 15 минути игра во вториот дел.

1-1 заврши и натпреварот во Битола меѓу екипите на Пелистер и Струга. Шампионот поведе со гол на Кехинде во 17. минута, но пред крајот на првиот дел Сава Радиќ си постигна автогол.

Работнички со 3-1 го победи Тиквеш на Националната арена „Тодор Проески“. Белица погоди во првото полувреме за романтичарите, Данев и Регба дадоа голови во вториот дел, единствениот гол за кавадаречкиот тим го постигна Витао.

Горазд Михаилов дебитираше со победа на клупата на Брера, ја совладаа Беса во Струмица со 3-2.

Во првиот дел немаше голови, сите погодоци паднаа во второто полувреме. По само една минута игра во вториот дел Ивковиќ донесе водство за Брера од 1-0, истиот фудбалер погоди и осум минути подоцна, а Ѓоргиевски реализираше за убедливи 3-0.

И покрај големата негатива, Беса не се предаваше, Љамалари намали на 3-1, Реџепи во 68. минута постигна гол за 3-2. Сепак до крајот Брера успеа да се одбрани.

Силекс со убедливи 3-0 се врати од гостувањето кај Воска. Ѓорѓиевски, Кочоски и Николиќ ги дадоа головите во вториот дел.

Резултати:
Гостивар – Вардар 1-1
Шкупи – Шкендија 1-1
Работнички – Тиквеш 3-1
Пелистер – Струга 1-1
Брера – Беса 3-2
Воска – Силекс 0-3

Табела: Шкендија 11, Работнички 11, Струга 10, Силекс 9, Гостивар 9, Брера 6, Шкупи 5, Пелистер 5, Беса 4, Тиквеш 4, Воска 4, Вардар 4.

Треба да знаете
Последни објави