Експлозија се случи во фабрика за тестенини во областа Хедек во Сакарија, Турција, при што се повредени најмалку 20 лица, според првичните извештаи на локалните медиуми.
Експлозијата се случила на покривот на фабриката, а пожарот се уште беснее и ги отежнува напорите на противпожарната единица да го изгасне.
Градоначалникот Јусуф Алемдар изјави дека експлозијата била силна и дека најверојатно дошла од магацинот, додавајќи дека околу фабриката нема станбени површини. Повредените се префрлени во блиските болници за лекарска помош, додека противпожарната бригада продолжува со напорите да го стави пожарот под контрола, јавува грчката Оема.
Областа Хедек е позната по својот индустриски карактер, бидејќи е зона на организирана индустриска активност. Чадот од пожарот е видлив од различни делови на областа, што ја зголемува загриженоста на локалните власти и жителите.
Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз потврди дека засега нема информации за жртви, додека истрагата продолжува за утврдување на причините за експлозијата.