Македонската ракометна надеж Ива Младеновска го одигра својот прв натпревар во најсилното ракометно натпреварување во Европа, Лигата на шампионите.
Нашата репрезентативна две сезони е член на француски Брест, тим кој оваа сезона настапува во европската елита, а на денешниот дуел против Будуќност, Младеновска ги одигра првите минути во ЛШ каде постигна два гола од два обиди, а пак Брест славеше убедлива победа од 35-22.
Во денешната програма во ЛШ свој настап имаше и Сара Ристовска, која што постигна три гола во поделбата на бодовите на Рапид Букурешт и Кристијанштад (30-30).