Циклонот Борис предизвика поројни поплави низ Европа, а ситуацијата сега е на критично ниво.
Браната во југозападна Полска попушти под силните поплави по обилните дождови, додека Чешка и делови од Австрија сè уште се справуваат со невремето што ја погоди централна и источна Европа.
Локалните власти во општината во Долна Шлезија соопштија дека браната пукнала и покрај напорите да се пренасочи водата и да се спречи поплава. Регионалната управа за води во Вроцлав ја опиша ситуацијата како критична, поради што селата во пониските региони беа евакуирани.
Video of the overflowing dam in Międzygórze, Poland…😫pic.twitter.com/V83Tw1Sd2a
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 14, 2024
Едно лице се удави, а 1.600 луѓе се евакуирани во во југозападна Полска.
Ново видео објавено на социјалните мрежи покажува дека водата речиси стигнува до првиот кат од зграда во Полска.
Невремето предизвика поплави и во Австрија од каде стигнаа драматични снимки од поплавен автопат и евакуирање на жители, а според последните информации се’ повеќе критична е состојбата во Виена кадешто улиците почнуваат да се полнат со вода.