Познатата водителка Лила Филиповска повторно ги изненади своите следбеници на Инстаграм со нова серија снимки и фотографии кои предизвикаа големо внимание. Овој пат, Лила ги објави од својата спална соба, каде што е забележана во многу провокативно издание, лежи покрај својот колега и пријател Спасе Јовановски.
На снимките, кои веднаш станаа вирални, Лила е облечена само во крпа, додека Спасе глумеше нејзин љубовник. Двојката се снимаше во обид да се пошегува, но видеото побуди големи реакции и насмевки кај нејзините следбеници.
Со ова издание, Лила уште еднаш докажа дека знае како да привлече внимание на социјалните мрежи, а фановите се сложија дека таа и Спасе се вистински забавен тандем.