Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, денеска објасни како дошло до дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата со Румен Радев во Софија.
Во интервју за телевизија Сител, таа рече дека забележала дека знамето го нема и размислувала да си замине, но се плашела дека тоа би создало скандал.
„Не знаев дека ќе треба да се сликам и во просторот каде што се одржуваат фотосесиите. Кога тргнавме, мислев дека ќе одиме во просторија за разговор, но кога влегов во просторијата, ги видов двете знамиња и се нашла во ситуација да размислувам што да направам. Во тој момент, едната опција беше да си заминам, што би предизвикало скандал, а другата беше дека домаќинот ги утврдил правилата и дека евентуалната грешка е на неговата страна“, изјави Сиљановска Давкова.
Таа додаде дека, ако си заминела, посетата немало да се одржи и би имало дополнителен негативен ефект.
„Во тој момент, и покрај тоа што не знам како се чувствувам, решив дека е подобро да не правам скандал. Значи, скандалот и гафот не беа од моја страна, туку веројатно се должат на превид од домаќинот. Очекував претходно да ми биде кажано ако ќе има снимање, за да можам да се подготвам“, додаде Сиљановска Давкова.