Ентони Тејлор стана нов рекордер во Премиер лигата, откако на натпреварот меѓу Борнмут и Челзи покажа рекорден број на жолти картони.
Дури четиринаесетпати Тејлор покажуваше жолти картони, осум за играчите на гостите, а шест за домаќините. Покрај тоа, им покажа по една опомена и на двајцатат тренери Ираола и Мареска.
Со ова Ентони Тејлор го надмина Питер Бенкс кој минатата година покажа тринаесет картони на дуелот меѓу Тотенхем и Шефилд Јунајтед.