Поранешниот дефанзивец и капитен на Јувентус, Џорџо Киелини, се врати во клубот откако се повлече од професионалниот фудбал пред една година.
Челниците на Старата дама потврдија дека Киелини ќе ја преземе улогата на шеф на институционални фудбалски односи. Во таа улога, 40-годишниот Киелини ќе биде одговорен за одржување на односите со другите клубови во Серија А и низ Европа, како и со репрезентациите. Тој ќе биде директно одговорен пред извршниот директор Маурици Сканавин.
„Киелини никогаш не ги напушти „бјанконерите“ – неговото срце, душа и вредности секогаш останаа поврзани со клубот, и на теренот и надвор од него. Новата функција ќе ја извршува од 16 септември“, соопштија од клубот.