Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.
Од среда се очекуваат наместа пообилни и поројни врнежи.