Џенаро Гатозо и фудбалскиот клуб Хајдук Сплит се договориле да продолжат заедно во предизвиците кои го очекуваат клубот од Сплит во продолжение од сезоната.
Хајдук во петокот го победи Динамо во деребито, но по тој триумф во центарот на вниманието се најде и Гатузо кој даде поддршка на Никола Калиниќ кој неодамна доби отказ од позицијата спортски директор.
„За Никола Калиниќ не може да се каже дека е лажго. Тој ме убеди да дојдам во Сплит, му благодарам и оваа победа ја посветувам на него“, изјави Гатузо на прес-конференцијата по тој натпревар.