Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова во петокот беше во посета на Софија, Република Бугарија и оттаму се врати со низа скандали
Давкова се сретна со својот бугарски колега Румен Радев, а на фотографиите јасно се гледа дека изостанува македонското државно знаме, што укажува дека не се работи за официјална средба меѓу двајца државници.
Истовремено, нема никакво соопштение од кабинетот на Радев дека остварил средба со македонската претседателка, што укажува на тоа дека во Бугарија оваа средба се третира како приватна посета на Силјановска Давкова.
Кабинетот на Силјановска тврди дека имало средба на која како што велат се разговарало за “надминување на отворените прашања меѓу двете земји, за текот на пристапниот процес за членство во Европската Унија и искористување на бугарските искуства на тој пат, како и за можностите за поттик и унапредување на билатералната соработка во повеќе области.”
Но сепак нема потврда од бугарските власти дека навистина тоа биле темите за кои разговарале Радев и Силјановска.
На овој начин Сиљановска Давкова самата се стави во состојба на самопонижување со тоа што се самопоканила кај Радев, кој средбата ја третирал како „пиење кафе во Бугарија“ и не објавил ни една фотографија од средбата.
Фотографиите од средбата со две бугарски знамиња, без македонско знаме, ги објавила самата Сиљановска Давкова, што предизвика оправдана огорченост кај македонската јавност, бидејќи отсуството на македонско знаме укажува на тоа дека нејзината посета кај Радев не била државна, туку исклучиво приватна посета.
Оттука во јавноста со право се јавува револт кај граѓаните и стручната јавност кои сметаат дека Силјановска Давкова во приватна посета, без истакнати државни обележја, нема право да разговара за меѓудржавни прашања
Без знамиња беа пречекани и Муцунски и Љутков
На ист начин како и Давкова, беа пречекани и министрите за надворешни работи и за култура Тимчо Муцунски и Зоран Љутков.
И тие на средбите со своите колеги се фотографираа без македонски знамиња во позадина, со што се изведува заклучок дека сите тројца биле на туристичка, приватна посета, иако медиумите и јавноста беа изманипулирани дека станува збор за официјална и дипломатска посета.
Дополнително, централната активност на тројцата државни функциониери во Софија беше присуството на оперската претстава Набуко во изведба на Македонската опера и балет.