ЕСМ Продажба овој период објави отворен повик за рамковен договор за купопродажба на електрична енергија на слободниот пазар, поради затекната состојба во која се наоѓаат постојните домашни капацитети во државна сопственост.
Новото раководство се соочува со ненавремено завршени летни ремонтни активности во РЕК Битола и РЕК Осломеј и ниската кота на хидропотенцијалите чии акумулации се под просекот за овој период од годината заради лошото менаџирање на хидро ресурсите во изминатите неколку месеци.
Набавката на електрична енергија, ќе му овозможи на ЕСМ АД да ги реализира плановите за подобрување на затекнатата состојба рудниците и хидроакумулациите како и потребни сервисни активности на постројките со што ќе се овозможи континуирано производство на електрична енергија во наредниот период, особено во претстојната грејна сезона.