Делови од скопските општини Кисела Вода, Центар и Карпош утре ќе бидат без вода заради изведување на водоводни приклучоци.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Димо Хаџи Димов“ бр.105, утре од 9:00 часот прекинато
водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ во општина Кисела Вода.
Утре од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од улиците „Преспанска“ и „Петричка“ во општина Центар, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Преспанска“ бр.46.
Утре, пак, од 8:30 часот, исто така, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Крагуевачка“ бр.9 во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Крагуевачка“ и Драган Ѓаконовски-Шпато“.
Корисниците во трите скопски општини ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не завршат со активностите за поставување на водоводните приклучоци.