Времето утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти УХМР.
„Следните денови ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, проследени повремено со грмежи.
Од утре до петок врнежите наместа ќе бидат пообилни и повремено поројни. Утре температурите преку денот ќе бидат за 3 до 5 степени пониски, а потоа температурата ќе биде во постепен пораст“, стои во соопштението на УХМР.