“Со овие цени илузорно е да се прави зимница” – Изумира ли традицијата на праврење ајвар и зимница во Македонија?

Есента ни е пред прагот а со тоа започнуваат и подготовките за правење на зимница.

Септември мириса на печени пиперки и вкусен ајвар, всушност Македонците се познати како народ кој го прави најубавиот ајвар на Балканот. Навистина ќе биде штета таа традиција да изумре во земјава.

Сепак со поскапувањето на цените на намирниците како и на цените на огревното дрво и струјата, прашање е колку се исплати семејствата да си прават домашна зимница, па наместо тоа купуваат фабрички подготвена зимница од маркетите… колку за да можат да го почувствуваат вкусот.

Тимот на 24Инфо прошета по зелените пазарите во Скопје и ги запраша граѓаните дали годинава ќе прават зимница, а одговорите беа по малку тажни, затоа што повеќето сепак не се одлучуваат за правење зимница, секако поради високите цени.

Дел немаат каде да прават, дел велат дека зеленчукот е скап, а на тоа се додава уште и цената на дрвата или струјата како и зејтиот кој е многу поскапен.

“Со овие цени илузорно е да се прави зимница, ќе кошта многу скапо”, вели еден граѓанин.

“Многу е скапо за правење, ќе купам неколку тегли и тоа е тоа”, додава друг.

Сепак има и такви кои велат дека и покрај високите цени ќе си направат домашна зимница, но помалку од лани.

“Ќе правиме малку, но не како лани… скапа е пиперката 50 денари килограм…”, вели еден од граѓаните кои ги прашавме.

“Цените се до плафон, но мора да се јаде”, вели граѓанка која се одлучила сепак да направи зимница годинава, а има и такви кои велат дека и со вакви цени сепак се исплати зимницата како и секоја година, за тоа и се прави.

Целата анкета погледнете ја во продолжение:

Н.Ј.

Треба да знаете
Последни објави