Во населбата Кастел Болоњезе се излеа реката Сенио кај Равена и водата стигнува до центарот на градот, додека низ регионот Емилија Ромања повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани поради влошување на временските услови, соопштија денеска локалните власти.
Покрај 800-те луѓе евакуирани во областа Равена, уште 165 лица биле принудени да ги напуштат своите домови во областа Болоња, пренесува Анса.
Железничкиот сообраќај е во прекин од синоќа меѓу Форли и Фаенца, меѓу Равена и Кастел Болоњезе, Равена и Ферара и меѓу Равена и Фаенца поради временските услови кои можат да доведат до поплави.