По натпреварот со Фуксе Берлин во ЛШ на прес-конференцијата се обрати тренерот на Е.Пелистер Бранислав Ангеловски.
„Честитки до Фуксе за победата и одличната игра. Загубивме од подобар противник, кој добро играше во сите 60 минути и го искористи нашиот пад. Мислам дека во првиот дел се скрши натпреварот, кога од минимална негатива паднавме и ги казнија грешките. Сметам и убеден сум дека премногу промашувавме зицери од шест метри, а тоа даде свој тон на победата на ривалот. Имаме уште многу за играње, радува тоа што добивме уште еден играч од нашата школа. Задоволен сум од прикажаното на нашите млади играчи и се надевам на уште подобри игри од нив во иднина“.