Без струја утре од 8:00 до 15:30 часот ќе бидат дел од корисниците во близина на регионалниот пат Скопје – Катланово, на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до исклучок кон село Огњанци, дел од улиците „3“, „7“ и „2“ во Општина Петровец.
Од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат делови од Пржино, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Француската амбасада и дел од корисниците лоцирани на улица „Милан Мијалковиќ“.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.
Покрај тоа, поради изведување водоводен приклучок од Ф-80мм на ул. „Македонија“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза ) во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул. „Димитрија Чуповски“ до „Даме Груев“ и дел од „Луј Пастер“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот до санирање на дефектот.