Пилотот на полската авиокомпанија „Лот“, пријавил во полицијата во Подгорица дека во авионот има бомба. На терен е полицијата.
Аеродромот официјално соопшти дека нешто пред 17 часот денеска на аеродромот во Подгорица е започната вонредна инспекција на авионот на националната полска авиокомпанија „Лот Полиш ерлајнс“.
Тие рекоа дека авионот бил изолиран и дека е далеку од патничкиот терминал.
Патниците биле безбедни, а летовите на аеродромот се одвиваат непречено, стои во соопштението.