Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска во придружба на заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини, и командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, ги посети припадниците во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево, каде што е лоциран 1. пешадиски баталјон.
За време на посетата министерот Мисајловски од страна на командант на 1. пешадиска баталјон, потполковник Зоранчо Ристовски, беше брифиран за мисијата, задачите и одговорностите на единицата, како и за ангажманот на припадниците на овој баталјон во мировните мисии, вежби и поддршка на други институции.
Министерот Мисајловски пред присутните потенцира дека во наредниот период ќе се посвети поголемо внимание на опремување на капацитетите за потребите на 1. пешадиски баталјон.
Во рамките на денешната посета од страна на припадниците беше извршена и презентација на дел од опремата на 1. пешадиски баталјон.