Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска информираше дека починатиот пациент од Западно-нилската треска од кочанско, при епидемиолошката анкета, дал податок дека не патувал никаде.
-Лицето изјавило дека имало вознемиреност, омалаксаност, губење на свест и температура. Кај Западно-нилската треска, 80% не дава симптоми, 20% се со благи симтоми на грип, а кај помалку од еден процент може да биде зафатен централниот нервен систем, појасни Андоновска во изјава за медиумите, нагласувајќи дека како институт поседуваат тестови за детектирање и потврдување на болеста.
Годинава во земјава биле регистрирани 4 случаи на Западно-нилска треска, меѓу кои и сега веќе починатиот од општина Чешиново-Облешево.