Меѓународната новинска агенција Ројтерс снимаше директен пренос од панорамата на Бејрут, главниот град на Либан, кога точно во 15 часот и 30 минути беа активирани бројни пејџери со вградени експлозивни направи.
Драматично, тајм-лапс видео од градот покажува големи облаци од густ, сив чад кои се појавуваат на неколку различни локации.
Пејџерите се активирани во автомобили, станови, трговски центри и продавници.
Според извори на Њујорк Тајмс, компанијата BAC Consulting, со седиште во Будимпешта, која служела како параван за израелската разузнавачка агенција Мосад, наводно е одговорна за инсталирање експлозиви во бројни пејџери што ги користи терористичката организација Хезболах.