Бордо потпиша со Енди Керол

Некогашниот англиски репрезентативец Енди Керол потпиша за Бордо. Францускиот гигант поради финансиски проблеми испадна во четвртиот ранг во Франција.

Тој во Бордо пристигна од француски Амиен, тим која се натпреварува во Лига 2 и сега заминува два ранга подолу.

Англичанецот за Бордо потпиша како слободен играч, а досега во кариерата настапуваше за Њукасл, Престон, Ливерпул, Вест Хем, Ридинг, ВБА и на крајот во Франција.

Треба да знаете
Последни објави