Овен (21.03 – 20.04)
Викендов е можно да преживеете некое разочарување. Наместо да се нервирате, обидете се да ја поврзете последицата со причината за оваа ситуација. Доколку реално размислите, самите сте виновни за некои случувања кои ви создаваат проблеми.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе бидете зафатени со купување и нарачување. Постои можност за голем трошок од ваша страна. Некоја личност од женски пол ќе игра важна улога во врска со вашата финансиска положба. Интелектуалната активност ќе ви биде зголемена, но под силно влијание на чуствата. Не ја трошете попусто енергијата на долги разговори со банални теми.
Близнаци (22.05 – 22.06)
За квалитетен љубовен живот пресудни ќе бидат моментите поминати во нежност. Романтиката со партнерот уште повеќе ќе ве зближи. Домашните обврски ќе бидат на ваш грб. Плаќањето на сметките, грижата за децата и домашните задачи ќе ви бидат како тежина на главата.
Рак (22.06 – 22.07)
Опремете се со оптимизам. Ќе изникне погоден случај за да решите некои конфликти од секојденвието и ќе имате потреба од тој оптимизам. Проверете ја вашта електронска пошта, најверојатно ќе добиете важна порака.
Лав (23.07 – 22.08)
Не се чудете ако се почувствувате сами и неразбрани. Вие сте премногу активни и премногу гледате на далеку, а тоа ви создава дисхармонија околу начинот на кој луѓето функционираат околу вас. Намалете со темпото, нема да зажалите.
Девица (23.08 – 22.09)
Работата ќе ви претставува терет, но и покрај тоа сепак ќе морате да работите. Сето тоа доведува до конфликти со колегите. Финансиската ситуација не е најдобра, но со обзир на тоа што друштвениот живот сте го запоставиле и тоа што го имате ќе ви биде сосема доволно.
Вага (23.09 – 22.10)
Викендов не е пожелно да креирате нови деловни врски или да закажувате средби со ваши партнери, кои ги познавате краток период. Можат да го проценат вашето однесување премногу нападно и несоодветно за вашата соработка во моментот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Имате потреба од духовна забава и од вас зависи дали ќе ја организрате. Посета на некој отворен концерт… ќе ве наполни со позитивна енергија и ќе го растовари вашиот стрес. Размислете за ова прашање.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки , кога е бракот во прашање може да има проблеми, бидејќи не сте во најдобри односи со партнерот. Малата плата ве демотивира максимално, и се повеќе се трудите што помалку да работите. Тоа ќе се подобри во иднина, наскоро ви претстои подобрување на финансиската ситуација.
Јарец (22.12 – 20.01)
Не претерувајте со се, а највеќе со храната и емоциите. Воздржете се од прејадување и не се внесувајте премногу во емотивните проблеми на тие околу вас. Некои разговори нема да ви се допаднат, не ги анализирајте, продолжете по својот пат.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ви се отвараат хоризонти кои досега ви делувале како невозможни. Ако сте поврзани со студии, уметност, мода, работа со луѓе, ќе ви се отвори вратата за се што ќе работите. Сите креативни работи ќе се движат по нагорна линија. Некои од вас ќе обноват една пријатна друштвена врска и познанство.
Риби (20.02 – 20.03)
Љубовните односи ќе ви бидат во втор план. Рационални и практични, секој ваш потег однапред добро ќе го смислите. Слободните можат да почуствуваат привлечност кон некоја личност или можеби пријател додека другите сеуште ќе уживаат во тајните врски и двојните игри.