Реал Мадрид го најде наследникот на Карло Анчелоти

Шпанскиот стратег Чаби Алонсо се промовираше во еден од најдобрите млади тренери, но сепак ова лето одлучи да остане во Леверкузен и да игра во Лигата на шампиони.

Според информациите „кралскиот“ клуб има договор со Чаби Алонсо да го преземе кормилото од 2025 година, пренесуваат медиумите блиски до Реал Мадрид.

Анчелоти ја минува последната година на кормилото на Реал, а Алонсо на лето ќе дојде како негов наследник. Притоа, Шпанецот сака со себе во Мадрид да ја доведе и ѕвездата на Леверкузен, Флоријан Виртц.

Треба да знаете
Последни објави