На 21.09.2024 во 16.30 и во 17 часот на улица „18 Ноември” во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Х.И.(56) и А.К.(43), двајцата од Гостивар, поради основано сомнение дека се извршители на кражба пријавена од Н.И.(43) од с.Добри дол, при што биле украдени повеќе предмети.
Украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. Х.И. и А.К. се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.