Како што информира МВР, М.Л.(37) од Скопје вчера, во 15 часот, пријавил во полиција дека неговото патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје. Возилото било паркирано во двор на фирма на подрачјето на Чаир.
МВР информира дека бил извршен увид и зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.