Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина.
Според првите информации, епицентарот на земјотресот бил на околу 40 километри северозападно од Зеница.
Земјотресот бил почувствуван низ цела БиХ.
Засега нема информации дали има материјална штета или повредени.