Германија беше одличен домаќин на Европското фудбалско првенство оваа лето, па затоа оваа земја реши да поднесе кандидатура и за континенталниот собир за жени, кој ќе се одржи во 2029 година.
Претседатлот на германската федерација, Бернд Нојендорф, изјави дека државата е подготвена за организација на уште еден голем настан, за кој ќе биде во конкуренција со Португалија, Данска и Шведска.
УЕФА треба официјално да го соопшти името на земјата-домаќин најдоцна до крајот на 2025 година, а доброупатените извори велат дека токму Германија има најголеми шанси.