На 21.09.2024 во СВР Штип бил извршен службен разговор со Б.М.(40) од Штип. Претходно, со судска наредба, во неговиот дом во Штип полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип извршиле претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.