Земјотрес со јачина од 3.8 степени по Рихтер го стресе Скопје предмалку.
Земјотресот се случи во 2 часот и 2 минути по полноќ, епицентарот е на 14 километри источно од Кисела вода и на длабочона од 8 километри.
За среќа земјотресот траеше кратко време, но оние кои се поблиску до епицентарот пријавуваат дека во моментот на потресот се слушале и шумови.
Истиот земјотрес почувствуван беше и во Велес и Куманово.