На 22 септември 2024 година, во 08:05 часот, во СВР Скопје било пријавено од Казнено-поправната установа Затвор Скопје дека осуденикот В.В. (36) од Скопје бил пронајден починат во притворското одделение. Лекар од Итната медицинска помош кој бил повикан на местото на настанот констатирал смрт, без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта.