Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.З.(21) од Берово.
„Тој се сомничи за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во периодот од 03.06. до 11.06.2024, пријавениот во повеќе наврати користел дебитна картичка на друго лице и вршел плаќања за свои потреби“, велат од МВР.