Пожар избувна попладнево после 16 часот во стан од зграда на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово. Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше со две противпожарни возила и шестмина пожарникари.
Во пожарот за среќа нема повредени лица.
– Изгаснат е и нема повредени лица, причинета е материјална штета, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Пожарникарите го гасеа пожарот околу два и пол часа.