Презентацијата на резултатите од истражувањето за нелегални шумски активности спроведено во рамките на проектот „Борба против нелегални шумски активности“ кој го спроведува ЗГ РЕФОРД, во соработка со US Forest Service, ќе се одржи денеска од 10:30 часот во хотел „Панорамика“.
Како што информираат од 3Г РЕФОРД, во рамките на проектот било реализирано истражување на јавното мислење за нелегалните шумски активности кај корисниците на производи од дрво, сопствениците на приватни шуми, дрво-преработувачите и осум општини, по една од секој плански региони.
Покрај тоа се реализирале и прашалници помеѓу дрво-преработувачките капацитети и општините за перцепцијата за појава на корупција и нелегани шумски активности во шумарскиот сектор.