Гневните навивачи на Партизан направија голем скандал по 174. „вечно дерби“ кога по поразот фрлале со разни предмети кон соблекувалната на нивниот тим. Погоден бил тренерот на Партизан Александар Станојевиќ.
Според информациите на „ТВ Арена спорт“, шефот на стручниот штаб на тимот од Хумска бил погоден во глава и веднаш му била укажана помош.
Поради ова тој не можеше да ги искаже своите впечатоци во микс зоната, но се појави на прес конференцијата.
„Што да кажам после ова. Срам за сите! Мојот е најголем! Жал ми е што го загубивме натпреварот вака без крв, без борба. Звезда покажа класа. Ја преземам одговорноста. Жал ми е игравме дома, мојот најтежок пораз од Звезда досега. Тешко ми е“, изјави Станојевиќ.