Автомобил попладнево влета на тротоарот спроти зградата на Влада на булеварот „Илинденска“ во Скопје и собори повеќе бетонски столбчиња поставени по работ.
Во инцидентот нема повредени лица, а направена е материјална штета не само врз столбчињата, туку и врз автомобилот со кој управуваше млада жена.
Полициски екипи ќе ја утрвдуваат причината за сообраќајната несреќа.