Во рамките на вонредното седмо коло во ПМФЛ, во попладневниот термин се одиграа пет натпревари.
Гостиварчани приредија изненадување, па како домаќин на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ја совладаа Шкендија со 3-1 (1-0).
Со оваа победа Гостивар го презеде првото место во ПМФЛ, токму од тетовчани нанесувајќи им го првиот пораз.
Со головите на Ајдоган и Симоновски домаќинот дојде до двојна предност. Иако во завршницата Бесарт Ибраими намали на 2-1, Шкендија не успеа да се врати. Во судиското продолжение Алдаир реализира пенал за конечниот резултат.
Реми без голови одиграа екипите на Пелистер и Работнички (0-0) на „Петар Милошевски“ во Битола.
Домашната екипа може да биде позадоволна со исходот на мечот бидејќи котира во долниот дом на табелата во ПМФЛ. Исто така без погодоци заврши и натпреварот меѓу Брера и Тиквеш (0-0).
Уште двете преостанати средби завршија без победник, а тие беа своевидни изненадувања. Шкупи на домашен терен не успеа да ја победи Беса (1-1), стрелци беа Едмундсон и Али.
Слично беше и во Охрид, но таму Воска Спорт како домаќин ѝ откина два бода на Струга (1-1).
РЕЗУЛТАТИ – 7.КОЛО
БРЕРА – ТИКВЕШ 0:0
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 3:1
(Ајдоган 22., Симоновски 48., Алдаир (п) 90.+2/Ибраими 87.)
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 0:0
ШКУПИ – БЕСА 1:1
(Едмундсон 24./Али 82.)
ВОСКА – СТРУГА ТЛ 1:1
(Јахја 50./Радески 67.)
ВЕЧЕРВА, 20 часот
ВАРДАР – СИЛЕКС