Денеска во 1:45 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во домот на Т.Ј., 55-годишно лице од овој град. Од здобиените повреди во пожарот, починала М.Д., на возраст од 75 години од село Модриште, Kичевско, која живеела во куќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Пожарот го изгаснал неговиот татко, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, се појаснува во соопштението.
Вчера пал, во 13:52 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во објект – колиба на кавадаречко место викано „Глувчовец“, сопственост на 66-годишната Т.Н. од овој град.
-Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кавадарци, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, се додава во соопштението.