Туфегџиќ: Убиствата на Вања и Панче се класична егзекуција, а не убиство од интерес


Убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се класични егзекуции, а тврдењата дека се работи за убиство од интерес се апсурдни, изјави Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на Вања Ѓорчевска. Во своето гостување на емисијата „Претрес“, Туфегџиќ категорично ги отфрли шпекулациите за какви било мотиви од интерес во овие убијства.

– „Нон сенс е да се тврди дека е убиство од интерес. Никој не може во ова да поверува. Постои јасна поврзаност помеѓу двете убиства, кои се извршени на ист начин и од истите луѓе. Се работи за организирана ликвидација со формација и командна структура, а целата операција е испланирана од еден центар“, изјави Туфегџиќ.

Адвокатот дополнително истакна дека е разочаран што јавниот обвинител не побарал реконструкција на настанот, што според него би можело да помогне во расветлување на случајот.

– „Изненаден сум што јавниот обвинител досега не издаде наредба за реконструкција на настаните. Очекував одговорите да се бараат токму таму“, додаде тој.

Туфегџиќ исто така нагласи дека таткото на Вања, кого тој го претставува, нема никаква поврзаност со Љупчо Палевски, за кого се споменуваат различни шпекулации во контекст на случајот.

– „Таткото на девојчето никогаш не го сретнал или контактирал со Љупчо Палевски. За ова нема ниту еден доказ,“ потенцираше Туфегџиќ.

Треба да знаете
Последни објави